Нов пад од четири места за најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на АТП листата. На најновата објавена денеска, Калин се најде на 370-тата позиција со 131 поен, колку што имаше и претходната недела.
Кај тенисерките, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа со 295 поени, колку што имаше и претходната недела има две места послаб ранг и сега се наоѓа на 249. место на ВТА листата. Таа оваа недела ќе настапува на турнир во Летонија во Лиепаја за награден фонд од 60.000 долари и е рангирана како 11-та носителка.