Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски учествуваше на маратонот во Копенхаген и успеа да ја истрча патеката за 2 часа 18 минути и 12 секунди што преставува нов националер рекорд на Македонија. Досегашниот рекорд кој беше дело на Дарио Ивановски беше 2:21,27 часа кој го постави на Скопскиот маратон 2021 година.
Честитки за Дарио Ивановски за остварениот резултат кој на некој начин за него значи најубав подарок за неговиот 25-ти роденден кој го слави токму денес.
Исто така одличен резултат на овој мартаон имаше и нашата атлетичарка Адријана Поп Арсова која патеката ја истрча за време 2:35,29 часа што е нов национален рекорд во маратон.Досегашниот беше во нејзина сопственотс од 2:40,36 часа.