Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски, го повтори успехот од претходната година откако победи во машкиот дел полумаратонската трка реализирана во рамките на „Виз Ер Скопскиот маратон“.
Тој обезбеди време од 1 час, девет минути и 10 секунди. Веднаш зад него трката ја заврши Атанас Анчевски (Македонија) со време од 1.14.44 додека како трет низ целта помина нашиот, Милош Ранчиќ, кој патеката ја претрча за 1.15.56 часа.
Милјана Ристиќ немаше вистински опонент на патеката. Таа успеа да постигне време од 1.25.15 часа со што супериорно го освои првото место кај дамите. Второто место и припадна на Амела Трозиќ од БИХ која патеката ја помина за 1.32.22 додека трето пласираната Силвија Шимуновиќ од Хрватска забележа време од 1.35.06.