Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски, си обезбеди место во финалето на ИТФ турнирот во Тунис откако Сакеларадис од Грција, го предаде денешниот меч во рамките на полу-финалето.
Ивановски водеше со 1-0 во сетови и 3-0 во гемови кога гркот се одлучи да се повлече од теренот.
Македонскиот тенисер во финалето ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Ечаргуи од Турција и Форти од Италија.