Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски, влезе во финалето на ИТФ Фјучерсот што се реализира во Скопје за награден фонд од 20.000 американски долари.
Тој денеска во тежок меч славеше против Ерги Киркин од Турција со 2-1 по сетови: 3-6, 6-2 и 6-2.
Ивановски утре во финалето ќе се сретне со Французинот, Саша Вајенбург, кој претходно во првото полуфинале го победи Вито Тоњец од Хрватска со 2-0 по сетови: 7-6 и 6-1.