Нашиот атлетичар, Дарио Ивановски, не успеа да влезе во главната трка на патеката од 3000 метри на Европското првенство во сала што се одржува во Истанбул во Турција.
Тој денеска во неговата квалификациска група го освои последното место со време од 08:17.93 минути. Ивановски на крајот го обезбеди 20 место.
Ќе потсетиме дека вчера, Дрита Ислами, на патеката од 400 метри не успеа да ги помине квалификациите и да продолжи во главниот дел.