Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победата над Романецот Дан Томеску (24 години, 692 место на АТП) од 2-0 во сетови (76(9) 76(5)) успеа да избори пласман на главниот турнир на Челинџерот 100 што се игра во романскиот град Јаши. Ова за Ивановски со вчерашната победа над Брендон Волкин од Австралија се првите две победи на турнири од рангот на Челинџер. Во денешниот исцрпувачки меч нашиот тенисер победи по 2 часа и 50 минути игра.
Кој ќе биде противникот на Ивановски ќе се знае подоцна откако ќе завршат сите мечеви од второто финално коло од квалификациите.