Нестандардниот репрезентативец на Македонија, Мирко Ивановски во наредната сезона ќе настапува за хрватскиот гигант, Хајдук. 28-годишниот Ивановски, кој минатата сезона настапуваше за екипата на Славен Белупо, добива шанса да ја продолжи својата голгетерска кариера во Сплит.
„Чувството е прекрасно. Пресреќен сум што ќе го носам овој дрес и едвај чекам да започнат натпреварите за да можам да покажам дека ја заслужувам укажаната доверба. Знам дека во Хајдук секогаш очекувањата се големи, но такви се и моите лични очекувања, па се надевам дека сите заедно следната сезона ќе направиме добра работа“, изјави Ивановски.