Македонскиот тенисер, Калин Ивановски, го освои ИТФ фјучерсот кој денеска заврши во Скопје а се играше за награден фонд од 25.000 американски долари.
Тој во финалето по еден час и 46 минути, успеа да го совлада Саша Вајенбург од Франција со 2-0 по сетови 7-6 и 6-4.
Ивановски е првиот Македонец кој го освојува турнирот во Скопје по цели 15 години.

