Најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски не успеа да дојде до нова титула во ИТФ категорија. Тој на денешното финале на ИТФ турнирот во Монастир (Тунис) загуби од домашниот тенисер Моез Ешраги со 1:2 во сетови.
Првиот сет Ивановски го доби со 6:3, потоа вторриот го загуби со 3:6, додека третиот, се играше во тај-брејк кој му припадна на Тунижанецот.