Калин Ивановски загуби уште во првото коло на Челинџер 100 турнирот во Јакаичи, Јапонија. Поуспешен од него беше Италијанецот Џовани Фонио (25 год., 285. АТП ранг) со 2-1 во сетови (46 76(5) 76(5)) во меч што траеше 2 часа и 39 минути игра. Турнирот се игра за награден фонд од 130.000 долари.
Македонскиот тенисер третпат во својата кариера се наоѓа на 305. место на АТП листата што воедно е и негов најдобар ранг во кариерата. Македонскиот тенисер ваквиот напредок и скок од 18 места го направи со победите во квалификациите и настапот на главниот турнир на Челинџерот во Јокохама и на денешеното рангирање има 10 поени повеќе (од претходното рангирање) или вкупно 174.

