Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски синоќа на трката на 5000 метри на Медитеранските игри во Оран, постави нов македонски рекорд. Тој патеката ја истрча со време 13:54:58 минути го освои 8. место во конкуренција на 12 натпреварувачи.
„Честитки Дарио, нов рекорд, нов доказ за извонредната форма, квалитетен тренинг, добар тренажен процес и веруваме дека Олимпискиот стипендист на МОК ќе биде уште подобар во периодот кој доаѓа и во кој ќе избори резултат за учество на Олимпијадата во Париз 2024 година“, му честитаа од МОК.