Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски остана со 131 поен на новата АТП листа, но регистрира пад од четири места и се наоѓа на 366-та позиција на новата ранг-листа објавена денеска.
Скок од 40 места има Гораз Србљак, кој сега е рангиран на 1117 место. Овој напредок кај Србљак се должи што неколку недели во континуитет има пласман во второто коло на фјучрс турнирите. Пласман од нашите тенисери има уште Обрад Марковски, кој е на 1213 место во пад од 59 места.