Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, кој пред две години победи на АТП Челинџер турнирот – „Macedonian Open“, повторно ќе биде нашиот главен адут на терените на ТК Југ.
„ Мило ми е што повторно сум тука, што ќе играм во Скопје. Секако е чест да се игра пред домашна публика. Добро се познавам со мојот утрешен ривал Пољичак, тренираме во ист клуб. Мислам дека сум добро подготвен но, едно знам, дека утре ќе има добар тенис“ – изјави Ивановски на денешната прес-конференција.
Ивановски е единствениот македонски тенисер на главниот турнир. Тој во првото коло ќе игра со Хрватот, Мили Пољичак, кој е осми носител додека во конкуренција на двојки ќе настапува со Берк Бугариќ

