Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Изборите го поместија „Виз Ер Скопскиот маратон“ за ден порано
    Домашен микс

    Изборите го поместија „Виз Ер Скопскиот маратон“ за ден порано

    risteBy riste12/02/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Поради одржување на претседателските избори, чиј втор круг  ќе се поклопи со првичниот датум на одржување на 15-то издание на „Виз Ер Скопски маратон“, 5-ти мај 2019, и неможноста во ист ден со изборите да се одржи и маратонот, организаторите, Сојуз на спортови на Скопје и Организациониот Одбор на „Виз Ер Скопскиот маратон“, донесоа одлука овогодинешниот маратон да се помести за еден ден порано, односно во сабота, 4-ти мај 2019.

    „Датумот на Виз Ер Скопски маратон ние секогаш го одредуваме една година пред одржување на трката, тоа е една од нашите обврски кои ги имаме спрема меѓународните асоцијации ИААФ и АИМС. Па, од таму, не можевме да предвидеме дека на денот на одржување на 15-тиот Виз Ер Скопски маратон може да се одржат избори во државата. Затоа одлучивме после официјалното распишување на претседателските избори од страна на претседателот на Собранието, да го преместиме датумот на маратонот за еден ден порано. Ова нема да биде ниту прв, ниту последен пат да се случат вакви поместувања, како што во изминатото било случај и на други маратони во светот. Иако пријавувањето за маратонот е отворено уште од 15 септември 2018, моравме да се одлучиме на ваква тешка одлука, за нас, во овој момент како би избегнале поголеми штети и последици во организацијата во следниот период. Свесни сме дека оваа непопуларна мерка можеби нема да им се допадне на некои од досега пријавените учесници, посебно на странските тркачи, но се надеваме дека ќе наидеме на нивно разбирање. “ – изјави Кире Синадиновски, спортски директор на „Виз Ер Скопски Маратон“.

    Од Сојуз на спортови на Скопје уверуваат дека атмосферата и секој елемент кој се однесува на Виз Ер Скопски маратон ќе се задржи исто како во минатите години и дека овој јубилеј очекуваат да биде еден од најубавите спортски настани кој ќе се одржи на улиците во главниот град. Тие им се извинуваат на сите досегашни пријавени учесници заради новонастаната ситуација. Сите до сега пријавени учесници ќе добијат електронска порака од организаторот во кој ќе биде наведен линк со анкетен прашалник во кој ќе се изјаснат дали ќе можат да учествуваат на 4-ти мај или не, за потоа да бидат контактирани од организаторите за следните чекори, велат од организаторот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Младите „пелистерци“ се подготвуваат во Маврово

    13/08/2022

    Крстевски: имаме доволно време за добри подготовки

    09/08/2022

    Стартуваше 46. издание на одбојкарскиот Меморијал „Чајка“

    05/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Енис Барди беше претставен како нов фудбалер на Трабзон.
    • Холанѓанецот направи паралела меѓу Серија „А“ и Бундес конкуренцијата
    • Младите „пелистерци“ се подготвуваат во Маврово
    • Флик: фудбалот треба да биде достапен за сите
    • Њукасл нема да бара замена за Шелви
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.