Селекцијата на Бразил која се наметнува меѓу главните фаворити за освојување на пехарот на фудбалскиот Мундијал во Катар, последна пристигна во земјата на Истокот.
„Кариоките“ откако ги финишираа подготовките во Торино, доцна синоќа слетаа на аеродромот во Доха. Бразил со пет титули е рекордер на светските шампионати.
Јужноамериканците последен пат се искачија на светскиот врв во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја откако во финалето ја совладаа Германија со 2-0.