Кристијано Роналдо кој настапува за Ал Наср, вели дека првенството во Саудиска Арабија наскоро ќе биде помеѓу најдобрите во светот.
„Саудиската фудбалска лига е се посилна. Чекор по чекор, ќе стане една од најдобрите пет во светот иако за тоа треба време, играчи, инфраструктура… Верувам дека има неверојатен потенцијал“ – изјави Португалецот.
Неговиот тим на две кола до крајот на шампионатот заостанува три бода во однос на лидерот Ал Итихад.