Роберт Левандовски може да се пресели во Реал Мадрид ова лето, изненадувачки денес објави „Скај Германија“.
Баерн (Минхен) е подготвен да се раздели со својот голгетер за 60 милиони евра за да ги пополни финансиските празнини направени за време на пандемијата на коронавирусот.
Реал на Полјакот гледа како на привремено решение на проблемите во нападот, бидејќи тој ќе чини многу помалку од толку посакуваниот Ерлинг Халанд или Килијан Мбапе. Левандовски игра за Баерн од 2014 година, а неговиот договор со клубот истекува во 2023 година, но во август ќе наполни 33 години. Оваа сезона, полскиот интернационалец има 26 натпревари во Бундеслигата со 36 погодоци и 6 асистенции.

