Македонската фудбалска репрезентација како дел од квалификациите за ЕП 2020 година ќе игра против селекциите на Полска, Словенија, Австрија, Израел и Летонија.
Токму Израелската фудбалска федерација го одреди стадионот „Јаков Тарнер“ во Беер Шева за место каде што ќе го одигра квалификацискиот натпревар против Македонија на 5 септември. Овој стадион е со капацитет од 16.126 гледачи и е еден од најмалите каде што се играл официјален натпревар. Израелците на овој стадион ќе играат и против селекциите на Летонија и Полска.
Станува збор за стадион кој е отворен во септември 2015 година и на него своите натпревари ги игра екипата на Хапоел Беер Шева. Нашата репрезентација на последното гостување во Израел славеше со 1:0 Со голот на Горан Пандев, а тој натпревар се играше во Хаифа.
Квлификациите за ЕП во 2020 година почнуваат на 21 март, а првиот натпревар Македонија го игра во Скопје против Летонија.

