Македонските фудбалери ја прекинаа лошата серија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година откако вечерва одиграа нерешено 1:1 на теренот на Израел во Бер Шева.
На стадионот „Јаков Тарнер Тото“ во тежок и главно изедначен меч, домаќинот поведе преку Захави во 55 минута додека изедначувањето дојде со голот на Адеми во 64 минута по одличниот цент-шут на Алиоски. Во самиот финиш на мечот Пандев одигра фантастична топка до слободниот Елиф кој пропушти шанса да погоди за евентуална победа. Другите два меча од нашата група меѓу Австрија – Летонија и Словенија -Полска ќе бидат одиграни утре.
Нашата селекција по гостувањето во Израел сега ќе патува на мегдан на теренот на Летонците. Тој меч е закажан за в понеделник.