Екипите на Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив од Израел, домашните дуели во фудбалските натпреварувања под капата на УЕФА ќе ги играат во Србија пред празни трибини.
Европската куќа на фудбалот дозволи таков развој на настаните со израелските екипи поради воениот конфликт на тој дел од светот. Според програмата, Хаифа мечот со Рен од групната фаза во Лига Европа ќе го одигра на 30. ноември на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.
Составот од Тел Авив ќе се сретне со Зорја на 14. декември на стадионот „ТСЦ“ во Бачка Топола во групната фаза во Конференциската лига.