Капитенот на Јужна Кореја, Сун-Јан Ки, ќе го пропушти натпреварот против Германија од група „Ф“ на Мундијалот во Русија.
Фудбалерот се повреди на мечот со Мексико одигран во саботата кој им припадна на јужноамериканците со 2 спрема 1. Сун-Јан Ки се појавил на средбата со новинарите со патерици. 29-годишниот Ки го одигра и двата натпревара за азискиот тим на собирот во Русија.
Досега Корејците немаат ниту еден бод. Средбата меѓу светскиот шампион Германија и репрезентацијата на Јужна Кореја ќе биде одиграна на 27 јуни на стадионот во Казан.