Нашиот натпреварувач, Ставре Јада, денеска го освои 83-то место во трката крос-кантри на 10 километри со што го заврши настапот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Тој во конкуренција на 113 натпреварувачи обезбеди време во рамките на неговите можности од 25:28 минути. Јада претходно настапи во спринт и го обезбеди 88 место.
На денешната трка, Јоханес Хесфолт Клабо од Норвешка сосема очекувано го освои златото пред Матјас Делож од Франција и бронзениот, Ејнар Хедегерт од Норвешка.

