Централниот дефанзивец Фил Јагиелка се врати во својот поранешен клуб Шефилд Јунајтед.
Поранешниот англиски репрезентативец играше за оваа екипа која е новајлија во Премиер Лигата пред 12 години, потоа замина за Евертон. Неговиот договор со популарните „карамели“ истече на крајот од јуни и се враќа во шефилд Јунајтед како слободен играч со договор за една година.

36-годишниот Јагиелка играше во првите седум години од кариерата во Шефилд Јунајтед. Тој, исто така, има 40 натпревари за националниот тим на Англија помеѓу 2008 и 2016 година.

