Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Јаја Туре, кој ќе го напушти клубот на крајот на оваа сезона, изјави деке еден од најтешките противници во неговата кариера во средниот ред би играчот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ .
„Го мразам! Неверојатно е тешко да се игра против него. Висок е, силен фудбалер. Во светот нема многу играчи кои можат да ме запрат, но Матиќ секогаш ми задаваше проблеми. Тој добро работи и во одбрана, се бори. Тој е одличен, одличен играч“, го пофали Туре.