Познатиот играч од Брегот на Слоновата Коска, Јаја Туре може да ја продолжи кариерата во француското првенство, пренесуваат медиумите во Франција.
Според изворот, агентот на 37-годишниот играч е во преговори со неколку француски клубови. Ќе потсетиме, порано Туре веќе играше во францускиот шампионат. Во сезоната 2007/2008, тој играше за Монако.
Последниот клуб на Туре беше Куингдао Хуангаи од Кина, со кого потпиша минатото лето додека беше слободен агент откако го напушти Олимпијакос во декември 2018 година.
За време на неговата кариера, 37-годишниот играч од средниот ред ги бранеше и боите на Беверен, Металург Доњецк, Монако, Барселона и Манчестер Сити. Во националниот тим на Брегот на Слоновата Коска, Туре постигна 19 гола на 101 натпревари.