Нејмар нема да игра за Бразил на денешниот меч со Швајцарија а селекторот на европјаните Мурат Јакин, вели дека тоа нема да влијае на неговата тактика која треба да донесе поволен резултат.
„Тоа не менува ништо и не ни ја олеснува задачата. Го анализиравме противникот и улогата на секој играч на теренот. Знам дека дека Бразил има доволно играчи кои можат да го заменат Нејмар“ – вели Јакин.
Бразил и Швајцарија по старните победи имаат по 3 бода додека Камерун и Србија се без бод.