Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, одговори на критиките дека поставил погрешна шема на вчерашниот меч со Португалија кој им припадна на „европските бразилци“ со убедливи 6:1.
„Ние и претходно ја користевме таа шема. Вистината е дека не влеговме во игра во првото полувреме. Мораме да прифатиме дека нашиот план не функционираше и да признаеме дека Португалија беше подобра репрезентација“ – вели Јакин.
„Мислам дека донесов вистински одлуки. Проблемот не беше во нашиот план за игра туку во противникот. Португалија беше многу посилна од нас“ – потенцираше Јакин.