Селекторот на фудбалерите на Швајцарија, Мурат Јакин, зборуваше ласкаво за Канада која се бореше до самиот крај за да освои барем еден бод. Европјаните победија со 2:1.
„Бев импресиониран од френетичниот напор што го вложиja. Тоа е навистина брилијантен тим – нивните играчи се исклучително брзи, агресивни и опасни на секој контра-напад“ – рече Јакин.
Швајцарија по триумфот против Канада која е еден од ко-домаќините на Мундијалот го обезбеди првото место во групата „Б“.
