Швајцарскиот фудбалски состав Грасхоперс го тренерот Мурат Јакин, откако 27-кратниот шампион се спушти во зоната за испаѓање во локалната Супер лига. Поранешниот тренер на Базел и на Спартак (Москва) ќе ги напушти сино-белите заедно со неговиот брат Хакан Јакин.
Мурат пред седум месеци го презема кормилото на Грасхоперс, но, не успеа да ја направи потребната промена во клубот. Грасхоперс е во моментов на 6-то место со 32 поени откако во последните девет средби забележа само две победи. Грасхоперс кој последен пат беше шампион на Швајцарија пред 15 години, сега има само 4 бодови повеќе од последниот на табелата екипата на Сион.
До крајот на сезоната тренинзите на тимот ќе ги води спортскиот директор, Матијас Валтер, кој воедно ќе седи и на клупата за време на натпреварите.