Еден од највредните спортски резултати оваа година е оној национален рекорд во маратон на нашиот Дарио Ивановски постигнат во самиот финиш на годинава која изминува. По тој повод, но и за плановите за следната 2024 година и можноста за настап на ЛОИ во Париз, во живо во нашата програма разговаравме со првиот тренер на нашиот маратонец, Игор Јакимовски.
„Според рангирањето на маратонците, Дарио има шанси да обезбеди виза за Летните олимписки игри во Париз. Дарио со својот резултат од Валенсија влегува во конкуренција за место на Олимпијадата и ако мене ме прашувате мислам дека 99% имаме резултат за настап на Игрите. Но да оставиме да помине целиот период до јуни во кој и ние треба да направиме уште два добри резултати за да го потврдиме рејтингот“, вели тренерот на Дарио, Игор Јакимовски.
Јакимовски со неколку македонски атлетичари засилено ги продолжуваат подготовките во Белград, каде на 30 декември ќе имаат и настап на Новогодишниот атлетски митинг во сала.
КОМПЛЕТНИОТ РАЗГОВОР ПРОСЛЕДЕТЕ ГО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

