Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал влезе во Топ 5 листата на најмлади голгетери во историјата на најсилните европски првенства.
Играчот од средниот ред на Барселона постигна гол против Гранада на 16 години и 87 дена, соборувајќи го рекордот во Ла Лига. Инаку, рекордер во европските врвни лиги е Амедео Амадеи од Рома, кој постигна гол во 1937 година, кога имаше 15 години и 287 дена.
Во првите 4 се и Џејсон Дозели (Ипсвич), кој се истакна во 1984 година на возраст од 16 години и 57 дена, Џани Ривера (Алесандрија, 1959 година, 16 години и 68 дена) и Пјетро Пелегри (Џенова, 2017 година , 16 години и 72 дена).