Најмладата ѕвезда на Евро 2024, Шпанецот Ламин Јамал го повтори достигнувањето на Зинедин Зидан од европскиот шампионат во 2004 година.
20 години по остварувањето на легендата на францускиот и светскиот фудбал, во синоќешното осминафинале меѓу Шпанија и Грузија (4:1), 16-годишниот крилен напаѓач на „фуријата“ упати седум шута кон противничкиот гол и имаше шест креирани шанси во завршница за својата репрезентација, од кои и една заврши со асистенција за гол.
Јамал е само вториот играч во историјата на европските првенства од 1980 година со 5+ шутеви и 5+ додавања на меч по Зидан, кој го направи тоа во 2004 година.