Напаѓачот на Барселона Ламин Јамал го прокоментира својот гол постигнат на натпреварот од 9. коло на Ла Лига со Гранада (2:2).
„Многу сум среќен за мојот гол и рекорд, но имам измешани чувства затоа што одигравме нерешено во меч што требаше да го добиеме. Не размислував за рекордот, само за тоа како да го свртам текот на играта. Одигравме три натпревари на гостински терен со многу активни тимови, но малку по малку ќе бидеме подобри и ќе постигнеме подобри резултати“, изјави Јамал за „Мундо Депортиво“.
Напаѓачот погоди во првата минута од судиското надополнување во првото полувреме на гостувањето кај Гранада од 9. коло од шпанската Ла Лига. Фудбалерот постигна гол на 16 години и 87 дена. Претходното ова достигнување му припаѓаше на Фабрис Олинга, кој постигна гол против Селта Виго (1:0) во август 2012 година со Малага на 16 години и 98 дена.