Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак ја коментираше елиминацијата на тимот од Реал Мадрид во 1/8-финалето на Лигата на шампионите (по изведувањето пенали) по одлуката да се поништи гол од 11 метри на напаѓачот Хулијан Алварез.
„Немавме среќа. Мислам на Алварез. Тој постигна гол, но топката удри во другата нога. Тешко е да се каже нешто. Немавме среќа – тоа е најдоброто објаснување.
Јулијан не кажа ништо, но ја видов реакцијата на судијата, па се надевам дека навистина се случи, инаку е катастрофа, но јас им верувам“, изјави Облак.
Да потсетиме дека Алварез се лизна при удар од 11 метри. Топката заврши во мрежата. Сепак, по прегледувањето на видео снимката во ВАР-собата и консултацијата со судијата, беше утврдено дека Аргентинецот направил два допири, што се квалификува како прекршување на правилата и неправилно изведен удар.

