Последниот македонски претставник на Олимписките игри во Кортина/Милано е Јана Атанасовска, а младата скијачка за жал не успеа да го комплетира првиот свој предизвик на патеката во Кортина.
19-годишната ЈанаАтанасовска тргна амбициозно на велеслаломската трка, но по 22 секунди возење, таа за жал излета од стазата и остана без пласман.
За време на првото мерење на стазата, Атанасовска имаше заостанување од 1,45 секунда од водечката Брињоне, но набрзо после тоа излета од стазата и го заврши својот настап на велеслаломската трка.
Тоа значи дека Јана остана без пласман на својот дебитантски настап на ЗОИ, па сега останува уште нејзиниот настап во дисциплината слалом.
Трката во слалом е закажана за 18-ти февруари, а тоа воедно ќе биде и последен настап за еден македонски натпреварувач на овие Олимписки игри во Италија.

