Нашите боксерски репрезентативци, Гоце Јанески и Јасин Љама, се негативни на Ковид-19, покажа денешното тестирање. Тие по враќањето од Лондон го поминаа задолжителниот карантин од 14 денови.
Истиот ќе го напуштат најдоцна в понеделник а потоа ќе одат во домашна самоизолација. Јанески и Љама настапија на квалификацискиот турнир во Лондон за олимписка виза за Токио. Собирот иако започна, беше прекинат по само два дена поради пандемијата со корона-вирусот.
Македонските репрезентативци благодарение на ангажманот на Боксерската федерација, Амбасадите на Македонија во Лондон и Софија, безбедно се вратија во татковината.

