Одбојкарките на Јанта Волеј утре од 18.00 часот во СЦ Јане Сандански ќе го одиграат првиот меч со Волеро од Франција во рамките на 3 квалификацискио коло за Лигата на шампионите. Тренерот, Никола Јаневиќ вели дека екипата е подготвена за предизвикот.
„Девојките ќе се претстават во најдобро светло. Ако ја гледаме нивната лига и резултатите, тие имаат голема историја во овие натпреварувања. Поголем број на странци им играат во првата постава“ – потенцираше Јаневиќ
„Влегуваме како некој неискусен противник во овој дуел, се надеваме барем на освоен сет или два. Се што ќе дојде дополнително само ќе биде во наша корист“ – рече Јаневиќ на денешната средба со новинарите.

