Претставниците на фудбалерот, Ешли Јанг, се во напредни разговори со луѓето од Барнли, тврди денеска – „Скај Спорт“.
Поранешниот репрезентативец на Англија, кој во јули ќе наполни 36 години, стана слободен играч откако му истече договорот со италијанскиот шампион Интер. Според информациите, Барнли ќе му понуди на Јанг едногодишен договор со опција за продолжување со 12 месеци.
Ешли Јанг има голема почит кон менаџерот на Барнли, Шон Дејч, кој беше капитен на Ватфорд кога поранешниот играч на Манчестер Јунајтед ја започна професионалната кариера во тој тим. Јанг во Серија А одигра 34 натпревари за Интер.

