Ешли Јанг ќе остане во Премиер-лигата и ќе го носи дресот на Евертон. Фудбалерот си замина од Астон Вила откако го одработи договорот.
Ветеранот кој има играно за екипите на Ватфорд и на Манчестер Јунајтед, во еден период беше активен и во италијанскиот Интер.
Според медиумите, 38-годишниот фудбалер ја прифатил понудата на „карамелите“ иако за него биле заинтересирани уште неколку екипи од Англија.

