Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Јани Атанасов замина од Хајдук и се пресели во Краковија
    Фудбал

    Јани Атанасов замина од Хајдук и се пресели во Краковија

    risteBy riste24/01/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов ги напушти редовите на Хајдук Сплит и се одлучи за нов предизвик во кариерата. 

    Атанасов се договори со полската екипа Краковија и веќе пристигна во Полска каде потпиша договор на три ипол сезони, а финансиските детали од договорот не се познати. Македонскиот играч за врска ја задолжи опремата со бројот шест и ќе се приклучи на тимот во наредните денови. 

    Атанасов потекнува од школата на Академија Пандев, од каде во 2018 година се пресели во Турција каде беше дел од Бурсаспор. По две години, Хајдук од Сплит го доведе Атанасов во своите редови и тој ги бранеше клупските бои до оваа зима. За хрватскиот клуб, македонскиот репрезентативец одигра 69 натпревари, даде шест гола и две асистенции по што одлучи да замине во Полска. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус

    29/01/2023

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011
    • Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Тунис
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.