Уште еден фудбалер на Баерн Минхен е пред преселба на Далечниот Исток. Откако вчера стана јасно дека Сандро Вагнер е на пат да заигра во Кина, денеска со екипа од Јапонија е поврзан и ветеранот Ариен Робен.
Холанѓанецот веќе објави дека ја игра последната сезона на стадионот „Алијанц Арена”, но досега се сметаше дека Интер и ПСВ Ајндховен се фаворити за неговиот потпис.
Јапонските медиуми известуваат дека Робен може многу брзо да потпише со екипа од Јапонија. Силен интерес за овој фудбалер има од неколку јапонски клубови.
Таткото на Ариен Робен кој е и негов агент, ги нарече овие информации како „глупости”. Според медиумите во Германија сепак крилото на Баерн нема ништо против да направи авантура во Јапонија, каде што веќе се наоѓаат неколку големи ѕвезди како Андрес Иниеста, Фернандо Торес, Давид Виља и Лукас Подолски.