Фудбалерот на Вест Хем, Андриј Јармоленко, поради повреда, ќе биде надвор од терените во наредните шест месеци, објавија медиумите во Англија.
Тоа ќе претставува сериозен проблем за тренерот, Мануел Пелегрини, кој се соочува со повеќе повредени фудбалери и мора да работи со драстично редуциран состав. Украинецот кој ја скина Ахиловата тетива на саботниот натпревар против Тотенхем, во текот на вчерашниот ден беше успешно опериран и сега ќе оди на подолга рехабилитација.
29-годишниот Јармоленко во тимот на „чеканите” пристигна во текот на летото од Борусија Дортмунд за 17 милиони евра. Тој во десет одиграни натпревари има постигнато два гола.