Украинскиот напаѓач од екипата на Вест Хем Јунајтед, Андриј Јармоленко ќе го напушти лондонскиот клуб на крајот од оваа сезона, соопшти „Скај Спортс“.
Договорот на Јармоленко со Вест Хем истекува следното лето, а двете страни не се договориле за продолжување на соработката. Неколку месеци претходно, раководството на „чеканите“ му дозволи на Андреј Јармоленко отсуство од лични причини поради ситуацијата во Украина, но веќе кон средината на март фудбалерот се врати на теренот.
Да потсетиме, Јармоленко се пресели во Вест Хем од Борусија Дортмунд во јули 2018 година. Трансферот изнесуваше 20 милиони евра, а претходно играше за Динамо Киев.
Украинецот оваа сезона одигра 30 натпревари за Вест Хем, постигна 3 гола и 1 асистенција. Интернет порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на 32-годишниот Јармоленко на 3,5 милиони евра.