Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Јери Мина ново засилување на Фиорентина
    Фудбал

    Јери Мина ново засилување на Фиорентина

    risteBy riste05/08/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Финалистот од Конференциската лига, Фиорентина го објави трансферот на Јери Мина. Колумбискиот дефанзивец потпиша за клубот како слободен играч по заминувањето од Евертон, каде што беше во последните пет сезони. Договорот на 28-годишниот играч е за една сезона со опција за уште две, доколку има успех во следната сезона.

    Јужноамериканецот доаѓа во „Артемио Франки“ на местото на Бразилецот Игор, кој беше продаден на Брајтон. Мина има сериозно искуство, бидејќи во кариерата играше за тимови како Палмеирас и Барселона.

    Во последните пет сезони го носеше дресот на „карамелите“ за кој одигра 99 натпревари, постигна 9 голови и 1 асистенција. За него интерес имаше и од Лил, Фулам, Бешикташ и клубово од Саудиска Арабија, но се чини дека повеќе сакаше да си ја проба среќата во Фиорентина.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања

    29/09/2023

    Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.