Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека неговиот тим ги загуби шансите да продолжи понатаму во Лигата на шампионите по првиот натпревар против Реал Мадрид.
Тогаш Ливерпул загуби со 1:3, а на реваншот на „Енфилд“ беа далеку од чудо и по 0:0 го завршија учеството во четвртфиналето од ЛШ.
„Игравме добро, агресивно, креиравме шанси, но не постигнавме гол. Бидејќи тоа не се случи, Реал, благодарение на огромното искуство, го донесе мечот до посакуваниот резултат со цел да се пласира понатаму. Мохамед Салах обично постигнува гол од такви позиции со затворени очи, но денес не успеа. Ние ја сакаме Лигата на шампионите и сакаме да се играме во ова натпреварување. Но, сега можеме да се фокусираме на нашите перформанси во Премиер лигата”, рече Клоп. Ливерпул е шести на табелата, но разликата со четвртиот Вест Хем е само три бода.

