Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп одби да зборува на деликатната тема за голманот на тимот Алисон Бекер, кој вчера го загуби таткото во несреќа. Германецот рече дека не е време воопшто да се размислува дали да смета на својот стартен голман на неделниот натпревар со Шефилд Јунајтед.
Сепак, Диого Жота има шанса да се врати во игра за прв пат од декември, додека Џејмс Милнер и Фабињо најверојатно ќе продолжат со тренинзите утре, па за нив натпреварот во недела би бил прерано.
Последниот повреден играч е капитенот Џејмс Милнер, за кого Клоп изјави дека има шанса да одигра уште неколку натпревари оваа сезона.
„Имаме толку многу повредени играчи кои се лидери на тимот – Вирџил, Мили, Џо, Жоел. Сега и Џордан. Сите тие имаат големо влијание. Не знам кое е најдоброто сценарио за Хендерсон. Секако, проблемот нема да се реши наскоро, но има можност да одигра уште неколку натпревари оваа сезона. Немам коментар дали Алисон ќе игра. Не е време да се размислува и да се зборува за тоа. Диого Жота тренираше двапати и изгледа добро, но многу долго време беше надвор од терените. Сепак, изгледа ветувачки. Фабињо сè уште не тренирал со тимот. Ова може да се случи за прв пат утре. Истото важи и за Милнер“ изјави Клоп пред викенд натпреварот со Шефилд Јунајтед.