Менаџерот на англискиот тим Ливерпул, Јирген Клоп е казнет со 30.000 фунти поради конфликт со помошниот судија за време на дербито во Премиер лигата во кое неговиот тим пред единаесет дена го совлада Манчестер Сити со 1:0.
Клоп беше отстранет од клупата по жестоките протести кон помошниот судија бидејќи сметаше дека неговиот напаѓач Мохамед Салах бил сопрен со прекршок во самиот финиш од натпреварот.
„Менаџерот на Ливерпул прифати дека неговото однесување во 86. минута е неприфатливо“, соопшти Англиската фудбалска асоцијација (ФА).
По натпреварот, Клоп се извини за своето однесување и додаде дека требало да се однесува подобро и поинаку.
За среќа на Ливерпул, тренерот не доби некоја посериозна казна со која ќе беше спречен да го предводи својот тим.