Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев призна дека има намера да се одмори по заминувањето од националниот тим.
„После 15 години работа на ваква одговорна позиција, потребна е пауза. Ќе дојде време – и ќе најдете нова сила за нешто друго. Во моментов немам конкретни планови. Во однос на иднината на националниот тим, некои од овие играчи ќе го достигнат својот врв за време на Евро 2024. Тие ќе станат позрели, поискусни и нема да ги простуваат грешките на противникот“, изјави Јоаким Лев по натпреварот со Англија.
Вчера, репрезентацијата на Германија се сретна со репрезентацијата на Англија во 1/8 финалниот натпревар од Евро 2020, а мечот заврши со победа на Англија од 2:0, а то абеше последниот натпревар на Јоаким Лев на клупата на Германија.

