Јапонскиот репрезентативец Маја Јошида по поразот од Хрватска во осминафиналето на Светското првенство 2022 на пенали изјави дека тој и неговите соиграчи дале се од себе.
„Дадовме се за време на турнирот и постигнавме одлични резултати“, изјави Јошида, за Ројтерс.
„Горд сум на мојот тим, горд сум на моите соиграчи. Тешко е, но навистина сум горд на она што го постигнавме. Уживав во првенството“, додаде Јошида.